
Настани
По Миконос, Бодрум… Headwaters и во Скопје
По Миконос, Бодрум… Headwaters и во Скопје
Дуото Headwaters во петок во живо премиерно ќе се претстави пред скопската публика. Електричната гитара и клавијатурата на Headwaters носат сосема ново музичко патување, а со тоа и Intermezzo Music Rituals забавите во склоп на единствениот музички бар во земјава добиваат една сосема нова и поразлична димензија.
По Тулум, Миконос и Бодрум конечно и во Скопје пристига најновиот и најтрендовскиот звук во електронската музика, кој Beatport го наслови како Organic House & Downtempo.
Момците во рамките на најавениот двочасовен сет ветуваат одлична забава, за што впрочем нема ни сомнеж, се разбира, кога ќе се погледне нивното портфолио.



