Настани
Десетици настани на 19-та „Бела ноќ”!
Традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи во сабота (30.09.2023) на повеќе локации низ Скопје. Скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања и перформанси на десетици локации низ градот.
Централната манифестација ќе се одржи пред „Порта Македонија“ каде скопјани ќе уживаат во композициите од маестро Кире Костов, кои ќе бидат изведувани од Андријана Јаневска, Наде Талевска, Дани Димитровска и Ламбе Алабаковски придружувани од Биг Бенд под диригентската палка на Љупчо Мирковски и специјално визуелно шоу со 3D мапинг на самата порта. Како претходница ќе може да се чуе рок концерт на музичкото училиште „Ентерпрајз“ на класата ученици од 10 до 18 години.
„Октомвриски музички поход“ ќе го имаат своето првенствено издание на „Школка“ во градскиот парк, а ќе може да се чујат и видат: Група Педро Хоризонте, Стефан Петановски Бенд, Занаду Бенд, Димиш Бенд и диџеите: Раста Грл, Чарли и Јаска.





