Настани
ИФФК „Браќа Манаки“ годинава е навистина голем: Со 400 гости од кои 160 се странски и 79 извонредни филмови
На денешната прес конференција на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ која се одржа во Офицерскиот дом во Битола беа презентирани детали за годинешната програма на Фестивалот, но и офф програмата.
-Еве со оваа прес конференција, прва во Битола, фестивалот си дојде дома, тој си припаѓа на Битола, тука ќе остане и ова е негов вистински дом како што бил дома на браќата Манаки.
44. издание на „Браќа Манаки“ навистина е голем. Првата година имавме 150 гости, 20 филмови, двајца добитници и скромен буџет, го организиравме во време на пандемијата. Наредната година имавме 250 гости, 65 филмови и 37 ноќни забави, а годинава имаме меѓу 350 и 400 гости од кои околу 160 се странски гости, тоа е огромна бројка и 50 VIP, имаме 79 филмови во кино сали и проекции на отворено. Имаме извонредни филмови во главната селекција од Кан, Берлин, Венеција, Карлови Вари, Сан Себастијан. Тоа се филмови во кои знаењето и умешноста на кинематограферите доминираат, имаме во оваа селекција врвни кинематографери кои работат во врвни режисери, рече директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски.






