Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Детскиот музички спектакл „Петар Пан и Дедо Мраз“ на 24 декември во Арената „Борис Трајковски“

Настани

Детскиот музички спектакл „Петар Пан и Дедо Мраз“ на 24 декември во Арената „Борис Трајковски“

Фантастично дружење, многу забава, музика со која најубаво се танцува, неверојатни изненадувања и вербата дека чудата навистина постојат. Детскиот музички спектакл „Петар Пан и Дедо Мраз“ ќе се случува на 24 декември (13 часот) во Арената Борис Трајковски, што е можност сите заедно да ја испратиме старата и со Петар Пан, Ѕвончица, Венди, неговата дружина, изгубените момчиња, индијанците, пиратите, Капетан Кука и страшниот крокодил, да ја дочекаме Новата година.

Петар Пан во новогодишно руво ќе го фрли златниот прав на чудата, а Дедо Мраз ги повикува сите деца ама и оние што не сакаат да пораснат да не ја пропуштаат оваа неверојатна претстава.

Сценариото и сонговите на Петар Пан, омилениот лик од романот на Џејмс Метју Бари, ги напиша Ристо Самарџиев, режијата и кореографијата се дело на Ирена Лозинска, а за магичната музика се погрижи Владимир Дојчиновски.

Петар Пан е синоним за волшепство и семожност, за магичен прав со кој летаат малечките херои и светот, едноставно станува волшебен. Во тоа ќе ве уверат вистинските ѕвезди на претставата, децата од Балетското студио – Арт Балет.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.