МК Сцена
Детска балетска претстава Петар Пан и кај нас: На 31 март во МОБ
На 31 март, во Националната опера и балет премиерно ќе бидат изведени две претстави на детската балетска претстава „Петар Пан“. Станува збор за омилениот лик и роман на Џејмс Метју Бари, таткото на вечните деца и на сите оние што не сакаат да пораснат.
Ова е претстава за сите убавини на земјата Недојдија, за имагинација оплеменета со многу добра музика, игра и разноразни чудесии што ќе ги анимираат децата во претставите од 17.30 и 20.00 часот.
Петар Пан е синоним за палавоста, волшепство и семожност, за магичен прав со кој летаат малечките херои и светот, едноставно станува волшебен.




