Настани
Детскиот балетски спектакл „Петар Пан“ ги освои децата – две дополнителни претстави на Денот на шегата
На Денот на шегата и маските во НОБ, поради големиот интерес за детската балетска претстава „Петар Пан“, закажани се уште две претстави.
Петар Пан, капетанот Кука, Ѕвончица, Венди, индијанци, пирати.., ги повикуваат децата да дојдат маскирани и да ја гледаат претставата, сите заедно да станат голема сцена и на вистински начин да го прослават 1 април: маскирана публика, маскирани актери, многу забава, музика, заразни сонгови што се паметат, танцување… Заедно, од деца за деца, бидејќи во Петар Пан учествуваат по 57 деца (во двете постави) од балетското студио „Арт Балет“.
Зад магичноста на претставата е потпишан тимот составен од Ристо Самарџиев- сценарио и сонгови, Ирена Лозинска – кореографија и режија, Тамара Ѓурчиновска од балетското студио „Арт Балет“, костимите се на Елена Вангеловска, сценографијата на Љупчо Јованов а музиката на Владимир Дојчиновски -Дојчин.
На сцената ќе ги видиме и Веселин Трајковски и Ницолас Алехандре Хоурсеау, гостите при балетскиот ансамбл на НОБ.
Продукцијата на „Петар Пан“ е на М- Соунд.