Настани
Фестивал на биодиверзитетот – планински чај, магија и вкусови од цела Македонија
На 4 октомври (сабота), во просториите на Public Room (Јавна Соба) од 10 до 18 часот ќе се одржи четвртото издание на Фестивалот на биодиверзитетот, под мотото „Здрави корења, полни трпези“. Настанот е во организација на Слоу Фуд Водно со поддршка од Слоу Фуд Македонија.
Фестивалот веќе традиционално претставува празник на локалното производство, зачуваните сорти и одржливата исхрана. Ова е ден кога храната ќе раскажува приказни за вредните раце на производителите и за трпезите што се полнат со здрава, чиста и правична храна.
Годинава, во фокусот е планинскиот чај и неговите лековити својства. Гостин на фестивалот ќе биде Самет Абдули од Ростуше, Маврово – чувар на традицијата и познавач на билкарските тајни.




