Настани
Егзит откажан оваа година – ќе слави две децении во 2021!
Одбележувањето на две децении постоење на двократниот европски фестивалски шампион и најголем фестивал во регионов, од разбирливи причини е поместено за следното лето, а судејќи по првите имиња, следното фестивалско издание сигурно претендира да биде и најдоброто до сега.
Од 8 до 11 јули 2021 на Петроварадинската тврдина во Нови Сад пристигнуваат најголемите светски ѕвезди чии планетарни хитови само на „Јутјуб“ каналот бројат дури 33 милијарди прегледувања!
Листата со првите објавени имиња ја предводат: највлијателниот светски музички продуцент и диџеј Дејвид Гета, неговиот сограѓанин и конкурент за титулата водечки планетарен хитмејкер Диџеј Снејк, двократниот лидер на „Билбордовата“ листа на синглови и еден од најголемите рапери на денешницата Тајга, суперѕвездата на новата генерација и миленик на публиката во регионов Борис Брејча.




