Креативно Скопје ги обедини креативците во услови на пандемија (ФОТО)
Потребен е континуиран развој на силни културни креативни индустрии во земјава, кои треба да го поттикнат локалниот развој и да ја промовираат разноликоста на културното изразување.
Токму во срцето на Скопје, во гастротека Сиеста, се одржа Креативно Скопје 2020, настан на кој имаше изложба на креативни фотографии од главниот град на кретивците Моника Муличковска, Алмедина Реџепи, Сашко Јанакиев, Виктор Јовановски, Моника Потер, како и презентација на краток филм на Гоце Трајковски од ФДУ, изложба на накит од Артизани на Кристина Мауровска Темкова, сето тоа зачинето со музиката на диџеј Макиз.
