На Скопје му се случи Модна Галаксија 2020
„Платформата Фешн Галакси (Fashion Galaxy) е спој на едукација, мода и естетика, во која идните млади модни дизајнери ќе се промовираат, етаблираните дизајнери ќе едуцираат а граѓаните уживаат во модата“ велат организаторите на настанот, кој се одржа во Скопје, на кој модниот дизајнер Папаз и младата негова колешка, Каролина Николова ги презентираа нивните креации.
„Колекцијата го носи насловот „3“ (Три) и е инспирација од женската елеганција, драматичност и мистика. Жената е главен двигател за идејата на развивање на луксузна колекција, која е сензуална и нослива и вбројува вкупно 12 изгледи. Парчињата облека се наменети пред се за вечерен изглед за сезона есен/зима. Колекцијата изобилува со елеганција и носливост, вбројува блузони и капути со кимоно и ранглан ракави, здолништа и панталони во широк крој, строги одела и вечерни тоалети. Колорната карта ги вбројува црната, белата, сината и црвената боја. Материјали кои се користени се свила, чоја, чипки и монистри везани на свила, скај, сатен, кашмир, штоф, рачни доработки, монистра, сваровски кристали“ вели модниот дизајнер, Папаз.




