АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА: Супер моќните Placebo сепак доаѓаат во Скопје!
По откажувањето на нивната европска турнеја во 2019 година (од причини за кои веќе е тажно да се зборува), која ги опфаќаше и Скопје и Македонија, Авалон продукција го одржа ветувањето и го потврди доаѓањето на еден од најголемите, највозбудливи и сигурно најконстантни по својот квалитет рокенрол бендови во овој век, PLACEBO, на 16-ти јули 2022 година, на стадионот на АРМ во Скопје.
Само неколку дена по објавувањето на една од најубавите нивни песни досега, новиот сингл „Beautiful James“, најава на новиот албум- организаторите добиле дозвола да го објават и овој голем евент.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок, 15ти октомври во 09 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:
ПАРТЕР: 1500 денари
ФАН ПИТ: 1990 денари (само 1000 влезници во продажба)




