Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЗОО Скопје со хуманитарен настан: „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија”

Настани

ЗОО Скопје со хуманитарен настан: „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија”

Во сабота (25.02.2023) од 12 часот во ЗОО Скопје ќе се одржи хуманитарен настан со наслов „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија”.

-Оваа сабота со поддршка од Градот Скопје, во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи хуманитарен настан за помош на настраданите семејства во земјотресот во Турција и Сирија. Да ја покажеме солидарноста на дело и заедно да донираме и помогнеме онаму каде што е најпотребно. Собраните средства ќе бидат префрлени на сметката за донации за настраданите во земјотресот на Црвениот Крст на Град Скопје, отворена за таа намена – информираат од ЗОО Скопје.

Програмскиот дел ќе го исполнат: Стела и Сани, ЗОО Азбука /ДКЦ Карпош. Ќе има обраќање на спасувачи/волонтери кои помагаа во Турција, свое учество ќе даде и Градскиот мешан хор Вардар, а децата ќе ги дружи и забавува Слончето Халки.

Настанот е со поддршка на МКЦ, Вива, Телеком, Халк Банка, Пелистерка.

 

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.