Фестивал на италијанска храна во Скопје
На 27 и 28 ноември во Скопје на плоштад Македонија, ќе се одржи Фестивалот на италијанска храна, во организација на Амбасадата на Р.Италија и ИТА- Italian Trade Agency Skopje.
Настан на отворено со кој се одбележува 6-тата Недела на италијанската кујна во светот, со цел да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот.
Најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе понудат гастрономско патување низ автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони. Промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки.




