„Киненова“ за прв пат ја претставува современата ирска кинематографија во Македонија
Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, годинава, во рамките на својата редовна програма, за прв пат ја претставува современата ирска кинематографија во Македонија.
По тој повод на 20-ти ноември (сабота ), во кино- салата на Кинотека на Македонија, со почеток во 20 часот ќе се одржи свеченост на која ќе присуствува Амбасадорот на Ирска за Романија, Македонија и Молдавија, Н.Е. Пол МекГери, кој ќе ја отвори свеченоста, а потоа ќе следува проекција на црната комедија „Привлечен ѓавол“ на ирскиот режисер Џон Батлер.
Останатиот дел од програмата на фестивалот, која ја има во фокус ирската кинематографија, во наредните три дена ќе се емитува на телевизија 24, меѓу кои се два филма на прославениот ирски режисер Дејвид Глисон, како и моќниот документарен филм „ГЛАД“ каде наратор е Лијам Нисон.





