Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Филмот и културата создаваат нови мостови: Отворен Фестивалот на грчки филм

Настани

Филмот и културата создаваат нови мостови: Отворен Фестивалот на грчки филм

Во полната сала на Кинотека, во присуство на актери, режисери, дипломати, претставници на политичкиот и културниот живот во земјава, синоќа беше отворен 4. Фестивал на грчки филм.

Четвртото издание на Фестивалот на грчки филм започна со проекцијата на филмот „Не би сакал да сум непристоен, но мораме сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос, на кој му претходеше проекцијата на краткиот многукратно наградуван грчки филм „Тишината на рибата што умира“ на Василис Кекатос.

Присутните ги поздрави Клери Коцидас, шеф на Канцеларијата за јавна дипломатија во Амбасадата на Грција.

– Фестивалот почна да се одржува по четврти пат на секои две години во Скопје, а годинава за прв пат ќе се одржи и во Битола во Киното Манаки. Вечерва ќе гледате два филма од грчки автори и ви посакувам да уживате, рече Коцидас.

На присутните им се обрати и директорот на Фестивалот „Киненова“, Небојша Јовановиќ, кој рече дека е голема радост кога човек успева да создаде пријателства, во моменти кога тоа изгледа дека не е можно и таму каде изгледа дека нема простор за тоа.

– Со ваква мотивација, зааедно со помошта и влогот на сите мои прекрасни пријатели и колеги од Хеленската република и особено драгите пријатели од Амбасадата на Хеленската република, создавањето на овој фестивал е чисто задоволство за мене. Во оваа прилика изразувам огромна благодарност за недвосмислената поддршка од страна на Амбасадорот на Хеленската Република во Северна Македонија, нејзината екселенција Софија Филипиду. Ние можеби нема да го промениме целиот свет, можеби нема да ги избришеме границите, но сигурно ќе создадеме нови гранични премини и нови мостови преку програмата на фестивалот, бидејќи културата ја има таа моќ, а филмот особено, преку длабоката и широка комуникација на животните теми кои директно произлегуваат од актуелното грчко општество, рече Јовановиќ.

Вечерва на програмата на Фестивалот е филмот „Невидлив“ на Димитри Атанитис, која ја раскажува приказната за Арис, кој ненадејно е отпуштен од фабриката во која работи. Чувствувајќи се како жртва, тој чекор по чекор станува опседнат со идејата да ја земе правдата во свои раце. Во моменти кога тој се чувствува целосно подготвен да продолжи со својата цел, неочекувано се појавува неговата поранешна сопруга, оставајќи му го нивниот мал син.

Авторот и режисер Димитри Атанитис е член на Европската филмска академија, со реализирани 11 играни филмови со референци и 60 награди за неговата работа ширум светот. Во неговиот филм „Невидлив“ (2016), кој освои 17 награди на меѓународни филмски фестивали, Атанитис усвојува иновативен пристап кон филмската форма и нарација.

„Бјути“ е краток филм на Танос Либеропулос, кој ќе биде прикажан пред долгометражниот филм. „Бјути“ говори за Кали, невработена млада жена која живее со нејзината мајка која постојано ја контролира, бара излез низ блескавиот, но суров универзум на YouTube beauté. Таа ќе ги надмине своите граници за да ги задоволи нејзините неколку претплатници, а притоа да има насмеано лице и да одржува совршена претстава за себе.

This slideshow requires JavaScript.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.