Настани
Голем детски спектакл „Необичен ден“ со ликовите од 5+ Фамилија во МНТ
Музичко-театарската авантура „Необичен ден“ од февруари е на редовниот репертоар на Македонскиот народен театар со закажани 4 претстави на 17 февруари во 17.30 и 19.30 часот и на 19 февруари во 17.30 и 19.30 часот.
Популарните ликови од 5+ Фамилија ве покануваат на волшебно, чудно, неверојатно, возбудливо патување во фантастичниот свет во кој царуваат детската имагинација, другарството и љубовта, свет во кој сѐ е можно и не постои нешто што е несовладливо.







