Настани
Голем интерес за концертите на „Фрајле“ – Закажан и втор концерт во Скопје
Сите оние кои останаа без влезница за првиот концерт, а сакаат да ги слушнат трите дами во едно шоу, ќе имаат можност тоа да го направат на 15-ти март.
Оние кои барем еднаш присуствувале на нивен концерт, добро знаат каква енергија и какво музичко доживување ги очекува. Овие три вокално моќни, спонтани и шармантни дами, секогаш одново ја изненадуваат својата публика со стихови, ноти и емоции кои го допираат срцето. Зад себе имаат неколку студиски албуми, а покрај одличните авторски песни, „Фрајле“ се исклучителни и во обработките.




