Настани
Хуманитарна изведба на детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“
На големата сцена на Националната опера и балет на 27 јануари со почеток во 12.00 часот ќе се изведе детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ наменета за најмладата публика од 6-11 години. Идеја, сценарио, режија, костимографија и сценографијата се на Десанка Глигоријевиќ.
„Операта на шумските животни“ е интерактивна музичко – драмска претстава која има за цел да ја запознае и едуцира најмладата публика со оперската уметност. Сценариото изобилува со многу комични моменти, кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава. Музичкиот дел е исполнет со адаптирани популарни арии од оперите: Кармен, Палјачи, Аида, Травијата, Рита и други, како и инструментални композиции кои се со адаптиран текст во својство на сценариото.