Настани
“Ima neka tajna veza – made in Sarajevo”, во изведба на Македонската Филхармонија!
Music Time претставува, уникатен концерт на Македонска Филхармонија – „Ima neka tajna veza – made in Sarajevo”.
На 04.03.2023 во Филхармонија – Скопје со почеток од 20 часот, во изведба на Македонската Филхармонија ќе биде претставен уникатниот балкански проект, „Ima neka tajna veza -made in Sarajevo“.
Под диригентската палка на Ранко Рихтман и Јосип Цвитановиќ, овој фантастичен проект продуциран од Никша Братош и Томислав Кашљевиќ, ги обработува безвременските хитови на најголемите музички звезди од Сараево: Индекси, Бијело Дугме, Здравко Чолиќ, Амбасадори, Тешка Индустрија, Кемал Монтено и многу други!





