Настани
Најубавите љубовни песни од Балканот со Македонска филхармонија
Овој четврток, со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените.
Концертот е насловен „Севда“, а како солисти ќе настапат Божо Вреќо, босанскиот „принц на севдахот“ како што го нарекува светската критика и српскиот пијанист Васил Хаџиманов, миленик на македонската публика, уметник кој го спојува џезот со традиција на балканското поднебје.
На програмата се љубовни песни од Балканот, испеани од Тома Здравковиќ, Јадранка Стојаковиќ, Нина Спирова, Александар Сариевски, Шабан Бајрамовиќ, аранжирани за симфониски оркестар од Дијана Имери Илкоска, која, воедно ќе застане зад пултот и ќе го води оркестарот на Филхармонија низ ова несекојдневно музичко патување.







