Настани
Intermezzo Мusic Rituals влегува во финишот со гостувањето на Elfenberg!
Летото е зад нас, но вибрациите од Миконос сè уште не стивнуваат и музичките ритуали кои прераснуваат во заштитен знак на Интермецо за оваа сабота ни ги најавуваат артистите кои го раздрмаа Скорпиос – Elfenberg гостуваат во Скопје!
Мистични тапани, еуфорични ритми и движечки мелодии се заштитните елементи на дуото кое ни доаѓа од Стокхолм.
Продуцентите Viktor Elfgvist и Henrik Malmberg комбинираат сè што има да понуди животот. Од длабоките џунгли на Јужна Америка, па сè до далечниот Исток, една ничија земја на бесконечен занес и блаженство, место каде што се креираат соништа.





