Вечерва на Школка во Парк најголема средношколска журка
Непознатите музичари од скопските средни училишта вечерва на едно место! Со почеток во 19.30 часот, на Школка во Градскиот парк, ќе се претстават десет имиња од скопската андерграунд сцена!
Забавата ќе трае до доцна, а ќе настапат Alter Ego, The moonage, MyLaw x Young Dadi, Хајка, Samal, Џанкис Манкис, The Golden 4, Александар Топличански…
Овој хепенинг е дел од проектот ЕУ – ДА, во организација на ЦРД Алтер, а со поддршка од Град Скопје.




