Настани
Jazz Nova – прв концерт на Националниот џез оркестар
На 23 јануари, во просториите на Националната опера и балет, со почеток од 20 часот, својот прв концерт ќе го одржи Националниот џез оркестар.
Со овој концерт, кој ќе претставува еден вид симбиоза на биг бенд творештвото на истакнати македонски џез автори од повеќе генерации, свечено ќе биде одбележан почетокот на концертната сезона на Оркестарот.
