Настани
Концерт на млади виолинисти на „Виолин-фест“ во Филхармонија
Во Камерната сала на Филхармонија, утревечер во 20 часот ќе се одржи концерт на млади виолинисти во рамки на фестивалот „Виолин фест“. На концертот ќе настапат млади инструменталисти од музичките училишта од Македонија и Србија во пијано придружба на Марија Вршкова.
На програмата се дела од Крајслер, Виењавски, Бакланова, Кабалевски, Сен-Санс, Барток, Де Фаља и др.
Организатор на фестивалот е виолинистот и концерт-мајстор на Македонската филхармонија Владимир Костов.




