Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

АРЕА слави 25 години од „Врати на имагинација“ со голем концерт во СЦ Јане Сандански

МК Сцена

АРЕА слави 25 години од „Врати на имагинација“ со голем концерт во СЦ Јане Сандански

По повод 25-годишнината од издавањето на легендарниот албум „Врати на имагинација“ и исто толку години од незаборавниот концерт на некогашниот Скопски саем, македонскиот рок бенд АРЕА најавува голем јубилеен концерт во СЦ Јане Сандански. Настанот ќе се одржи на 8 ноември со почеток во 20:00 часот.

Овој албум е вистинска музичка класика, со песни кои ја обележаа златната ера на македонската рок сцена. По повод јубилејот, „Врати на имагинација“ ќе биде издаден и на луксузен винил, овековечувајќи ги сите хитови на бендот.

Концертот ќе понуди целосна изведба на албумот, вклучувајќи ги култните песни „Сите мои слики“, „Одведи ме“, „Пријател“ и „Биди мој“, како и сите останати хитови кои ги следеа генерации на фанови низ годините.

Маркетинг

Влезниците се веќе достапни онлајн преку avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk, со следните категории:

  • Партер – 600 денари

  • Фан пит – 900 денари

  • Трибина – 990 денари

АРЕА ги повикува сите генерации да се соберат и заедно да ја слават музиката која ја одбележа македонската рок историја.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.