Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Концертот на Ацо Пејовиќ е пред распродавање – Се е подготвено за големиот спектакл кој ќе се случи на 24-ти декември!

Настани

Концертот на Ацо Пејовиќ е пред распродавање – Се е подготвено за големиот спектакл кој ќе се случи на 24-ти декември!

Само уште неколку дена не делат од долгонајавуваниот и долгоочекуваниот концерт на Ацо Пејовиќ во Скопје. Спектакуларен крај на концертната сезона.

На само неколку дена пред дочекот на новата година, „А1 Арената Борис Трајковски“ ќе биде местото на најдобрата предновогодишна забава во регионот. Се е подготвено за овој голем спектакл кој ќе се случи на 24-ти декември.

Публиката ќе има можност да се забавува со дел од неговите најголеми хитови, како што се: „Da si tu“, „Sve ti dugujem“ и „Ponoc“, песна која ги руши сите рекорди на слушаност.

Организаторите од „Balkan Media Production“ истакнаа дека концертот е пред распродавање и останати се уште мал број на карти, а истите можете да ги најдете преку продажната мрежа на kupikarta.com, Југотон и Розе Веро 2.

Ивона Јо ќе биде гостин на концертот и ќе застане на големата бина заедно со Ацо Пејовиќ.

Многу љубов, емоции и насмеани лица ги одбележуваат концертите на Ацо Пејовиќ, ништо поразлично нема да биде и овој пат. Се гледаме на 24-ти декември во „А1 Арената Борис Трајковски“.

 

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.