Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

The Prodigy, Skrillex, Keinemusik и Viagra Boys ги предводат првите 23 изведувачи за EXIT 2023!

Настани

The Prodigy, Skrillex, Keinemusik и Viagra Boys ги предводат првите 23 изведувачи за EXIT 2023!

Една од најбараните турнеи во 2023 година пристигнува на Петроварадинската тврдина! Култниот британски состав и највлијателниот електро-панк бенд на сите времиња The Prodigy по неколкугодишната пауза се враќа како хедлајнер на водечките европски фестивали, а меѓу нив ќе биде и EXIT! Имајќи ја предвид длабоката поврзаност и богатата историја со регионалната публика, се очекува дека токму EXIT, за кој изјавија дека им е омилен фестивал, ќе биде врвот на нивната повратна турнеја!

Програмата на новото EXIT 2023 издание ја предводат и револуционерот на електронската сцена, носител на дури осум „Греми“ награди Skrillex, рок сензацијата Viagra Boys, колективот Keinemusik, кои се меѓу најбараните електронски изведувачи на денешницата, како и дуото CamelPhat, Hot Since 82, Vintage Culture и Indira Paganotto. Настап на фестивалот потврдија и The Toasters, Suzi Moon, Cockney Rejects, Mortal Kombat, Zoe Kida и многу други. Вкупно 23 имиња се спремни да ги заземат своите места во EXIT Универзумот пристигнувајќи на четирите oмилени Егзитови бини – Главна, Денс Арена, Фјужн и Експлозив, од 6 до 9 јули 2023.

„Многумина мислеа, вклучувајќи го и самиот бенд, дека The Prodigy ќе престанат да постојат по трагедијата, но ние знаевме дека нема да биде така. Со повратниот концерт во Лондон покажаа дека огнот во нив гори посилно од кога било, а повторното обединување на овој култен состав со нивната омилена, Егзитова публика, сигурно ќе биде најемотивното до сега. Во јули ќе бидеме сведоци на вистински музичко-историски момент, кој својот врв ќе го достигне со специјалната ласерска проекција на Keith Flint“, изјави основачот и директор на EXIT фестивал Душан Ковачевиќ.

The Prodigy со децении е поттикот на планетарното лудило за електронскиот звук! Песните „Firestarter“, „Breathe“ (премиерно изведена во Белград), „Smack My Bitch Up“, „Voodoo People“, „No Good (Start The Dance)“, „Out Of Space“, „Everybody In The Place“ не се дел само од музичката историја, туку и од растењето на генерации ширум светот, веќе 30 години. Колку се обожавани на нашите простори покажува и рушењето рекорди на посетеност на Главната бина секогаш кога настапуваат, што се очекува и следната година! Нивните концерти од 1995 година во регионов, како и оној во белградската хала „Пионир“ остави неизбришлива трага во општеството по војните, поврзувајќи ги повторно младите со светот и пружајќи им чувство на слобода, бунт и револуција преку музиката. Оваа поврзаност се продлабочи на EXIT фестивалот, од првиот настап во 2007, преку изданието во 2009 година, до 2013 и 2016. Колку членовите на бендот The Prodigy ја засакаа овдешната публика, покажа основачот Liam Howlett: „EXIT е нашиот омилен фестивал! Во Србија настапувавме кога им беше најтешко, имаме посебно место во нивните срца и ги обожаваме луѓето таму“.

Големо враќање на Петроварадинската тврдина ќе има и Skrillex, американскиот продуцент и диџеј кој од EXIT носи најлуди спомени! По првиот настап на Главната бина во 2014 година, кој е запаметен како еден од најмоќните во историјата на Exit, беше толку воодушевен од атмосферата што одлучи да ги откаже другите настапи и да остане до крај на фестивалот! Овој музички иноватор има дури осум Grammy награди, со што го држи рекордот на електронската музичка сцена. Со изданијата „My Name Is Skrillex“, „Scary Monsters and Nice Spirites“, „Recess“ и соработките со водечките светски ѕвезди, како што се Џенифер Лопез, Ели Гулдин, Џастин Бибер и Дипло, редефинираше цел музички правец, а на Петроварадинската тврдина се враќа во полна сила и со најмалку два албума во најава!

Стокхолмската рок сензација, составот Viagra Boys, кој го сочинуваат професионални џез музичари и хардкор ветерани предводени од автентичниот фронтмен Sebastian Murphy, премиерно пристигнуваат во Србија, на Егзитовата Главна бина! Составните елементи на нивната музика се пародија и сатира, кои ги претставија уште на своето прво ЕП „Consistency of Energy“, по што следуваа дебитансткиот албум „Street Worms“, минатогодишното ЛП издание „Welfare Jazz“, и реномираниот “Cave World”, објавен минатиот јули. Пристигнува и шкотското продуцентско/диџејско дуо LF System, хитмејкерите препознатливи по освежениот соул звук, чиј сингл „Afraid to Feel“ ја освои британската топ листа за синглови UK Singles Chart и стана платина.

Продуцентската и диџејска екипа Keinemusik ја сочинуваат &ME, Rampa и Adam Port, кои својот проект го доведоа до ниво на водечка светска хаус атракција. Тоа го потврдија и со овогодишниот настап на Burning Man фестивалот. На EXIT премиерно и во пикот на популарноста доаѓаат и момците од дуото CamelPhat, кои зад себе имаат распродадени настапи на „Вембли“ и „Хидра Арена“, сопствена вечер на „Кримфилдс“ фестивалот во импресивната „Стил Јард“ арена, како и номинација за „Греми“! Сѐ најубаво што љубителите на електронската музика можат да посакаат од хаус, дип хаус и тек хаус жанровите носи Hot Since 82. Верната публика на Арената многу добро знае каква атмосфера знае да приреди тој, и дека критичарите со причина неговата музика ја опишуваат како „најсофистицираната во Велика Британија“.

Vintage Culture големиот пробив на светската електронска сцена го направи со обработка на култните песни „Another Brick in the Wall“ и „Blue Monday“, а во меѓувреме многу негови изданија станаа платинести и се стигнаа до врвот на Billboard, Spotify и Beatport топ листите. На Денс Арена пристигнува и Indira Paganotto која неодамна приреди маестрален завршеток на No Sleep фестивалот со својот псајтехно стил. Штотуку го објави и новото ЕП издание „Lions of God“, од кое две песни достигнаа до врвот на Beatport листата.

Омилената Fusion Stage ќе биде домаќин на култниот американски состав The Toasters, кој по четири децении стаж „не притискаат на кочница, туку додаваат гас“. Зад себе имаат повеќе од 7.000 настапи во живо, додека Mojo Magazine ги вклучи во највлијателните ска бендови на сите времиња. Во програмата им се придружува и белградскиот Mortal Kombat, со тврд свук и провокативни текстови, како и харизматичната кантавторка Zoe Kida. На Pachamama бината доаѓаат домаќините Sarasvati Druna Bend.

На жестокиот Explosive stage доаѓа шведскиот хардкор панк бенд Wolfbrigade, вечната панк-рок дива Suzi Moon, како и британските легенди Cockney Rejects, калифорнискиот мелодик-хардкор состав Ignite, кливлендските треш металци Midnight, потоа Mirror и The Bar Stool Preachers, романскиот атмосферилен фолк/блек-метал состав Sur Austru, како и култниот американски треш метал бенд Sacred Reich.

Фестивалските влезници за EXIT 2023 достапни се по промотивната цена од 3999 ДЕН. и со заштеда од 50%, а можат да се купат преку фестивалскиот сајт, како и онлајн на karti.com.mk .

Во четврток, 15 декември, почнува и најсончевата Новогодишна акција во која, со купена влезница за EXIT фестивал 2023, на подарок се добива влезница за еден од Егзитовите морски фестивали.

 

 

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.