Настани
Концертот на Ацо Пејовиќ пред распродавање, подгответе се за шоу!
Започна одбројувањето на последните денови до големиот концерт на Ацо Пејовиќ којшто е закажан за 23-ти декември, односно оваа сабота во арената ,,Борис Трајковски’’, а истиот е пред распродавање, велат организаторите.
Откако влезниците беа пуштени во продажба, интересот на јавноста беше голем, исто како и за претходните концерти на Ацо Пејовиќ. Така што, на три дена до стартот на концертот, останати се уште мал број на влезници, а истите можете да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Југотон и Розе Веро 2. Организаторите од „Balkan Media Production“ имаат изненадување за фановите.





