Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Констракта ја крена публиката на нозе: Политичари, музичари, амбасадори, актери, режисери, сликари на „Звукот на Скопје“

Настани

Констракта ја крена публиката на нозе: Политичари, музичари, амбасадори, актери, режисери, сликари на „Звукот на Скопје“

Манифестацијата „Звукот на Скопје“ вчера ги раздвижи скопјани. Посетеноста на настаните беше огромна. Изложбата „Македонија“ (MASEDONIA) од бразилските уметници Даниел Kастинет ( Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto) во КИЦ предизвика големо интересирање и покрај љувителите на уметноста донесе бројни претставници на дипломатскиот кор во земјава меѓу присутните.

Атмосферата ја збогати и настапот на гудачкиот квартет „Вива стрингс“, во состав: Елена Талевска, прва виолина, Димитар Михајловски, втора виолина, Дубравка Зајкова, виола и Дејан Теодосиевски, виолончело, кои со камерното музицирање ја етаблираат класичната музика и квалитетната уметност на пошироката публика.

На плоштадот „Мајка Тереза“, пак, Констракта имаше незаборавен настап на кој сведочеше многубројната публика. Меѓу присутните беа актерите Горазд Цветковски, Софија Куновска, фотографот Филип Кондовски, поранешната пратеничка Лилјана Поповска, режисерот Срѓан Јаниќијевиќ…и многу други личности од јавниот живот. Во еден глас ги пееја новите песни, но и преработки од Дино Дворник и хитови од „Земља грува“.

Помладата публика пак уживаше во настапите на бендот „Хајка“ и Дина Јашари и другари, кои неколкупати се враќаа на бис.

Манифестацијата ја организираа Културно информативниот центар – Скопје во соработка со „Пакомак“, а наместо влезница посетителите носеа по едно пластично шише или лименка.

Вечерва програмата продолжува со настапите на „Љубојна“, „Баклава“ Дориан и Добрила дуо, „Перија“, Тони Китановски и Черкези, Бла бла бла, Фулиш грин, за најмладите е предвидена изведба на детската претстава „Куферко светскиот патник“, поетско читање, изложба на плаката и уште многу други содржини.

This slideshow requires JavaScript.

 

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.