Настани
Легендарните Gipsy Kings доаѓаат во Скопје!
Греми добитниците Gipsy Kings со легендарниот пејач Николас Рејес премиерно доаѓаат во Скопје!
„Задоволство ни е да ви најавиме дека бендот за кој постои метафората ,,колку песни, толку хитови”, GIPSY KINGS, за прв пат доаѓаат во Скопје предводени од оригиналниот пејач NICOLAS REYES на 22 март (сабота) во СЦ ЈАНЕ САНДАНСКИ!“, вели организаторот Авалон продукција.
На чело со човекот со ангелски глас, Николас Рејес, кој ги има отпеано сите најголеми хитови како ,,Bamboleo“, ,,Volare“ и ,,Djoba Djoba“, Gipsy Kings ќе гостуваат во Скопје со 90 минутно шоу во кое, со своите најголеми хитови, ќе ни ја претстават поубавата страна на светот и животот.




