Настани
Оскаровска Гала вечер – музичко филмска бајка во МНТ
Вистинска филмска магија ќе се случува на 22. февруари, сабота во Македонскиот Народен Театар во Скопје кога ќе се одржи втората Оскаровска Гала вечер. На концертот ќе бидат изведени песни кои влегле во филмската историја и биле номинирани и наградени со Оскар.
Ќе ги исполнат врвните македонски пејачи, Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска (South Park), Горан Наумовски, Денис Димоски, Дејан Бобиќ Дексо, Марија Димитријевиќ, Јасна Димитровска заедно со Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect под дригентската палка на Владимир Димовски и Полифонија.
Миланка Рашиќ, коментатор на Оскаровското шоу и автор на емисијата за филм „Во кадар“ на МТВ, ќе ја води публиката низ Оскаровските приказни.






