Настани
Македонскиот диригент Џијан Емин со пијанистот Франческо Тристано настапуваат со Филхармонијата на Луксембург
Диригентот Џијан Емин и пијанистот Франческо Тристано на 25 јануари ќе настапат со Филхармонијата на Луксембург, започнувајќи музичко патување од Бах до современи композиции, вклучувајќи и авторски дела од Емин и Тристано, со примена на електроника и звучен дизајн.
Ова е уште еден спектакуларен настап на Емин на европската сцена, по неговиот настап во Португалија на џез-фестивалот во Гимараеш. Џијан Емин, роден во Скопје, е познат по својата кариера како диригент, композитор и мултиинструменталист, со соработки со бројни светски музичари и оркестри.
Франческо Тристано, светски познат пијанист, започнал како интерпретатор на Бах и сега е еден од најистакнатите музичари во светот, со изданија за „Дојче Грамофон“ и „Sony Classical“.




