Млади виртуози – серија концерти на Инес Неделковска пијано и Каи Орлинов виолина
Денеска беше најавен проектот „Млади виртуози„ и серијата на концерти на младите таленти, пијанистката Инес Неделковска и виолинистот Каи Орлинов од Бугарија. Концертите ќе бидат реализирани со поддршка на Делегацијата на Европска Унија Скопје преку проектот ЕУсоТЕБЕ и Europe House заедно со Министерството за култура.
Во рамки на проектот ќе бидат реализирани три концерти и тоа:
– 29 мај во Скопје (Пијано Центар – НОБ), почеток во 19 часот
– 30 маj во Крива Паланка (Europe Нouse), почеток во 13 часот
– 2 јуни во Струмица (ООУ “Боро Џони”), почеток во 18 часот




