Настани
„MUSICAL“ на Dancers United предизвика овации, воодушевување и силни емоции!
Инклузивното танцово студио Dancers United по повод 3 Декември – Светскиот ден на лицата со попреченост по десетти пат ја раскажа својата приказна која нè сплотува сите и во истовреме ни ги покажува вистинските вредности кои се градат од најмала возраст.
На сцената на Македонскиот народен театар танцуваа, пееја, свиреа лица на возраст од 4 до 44 години. Претставата која беше испреплетена со инклузивни точки од хип-хоп, балет и латино танци ја истакна убавината на различноста и заедништвото.
