Настани
Танцов дијамант во Скопје: Второ издание на DIAMOND Dance Competition
Во месецот кога се одбележува Светскиот ден на танцот, танцовото студио Dancers United Ви го најавува второто издание на меѓународниот танцов натпревар DIAMOND.
Викендот кој е пред нас, на 5 и 6 април, ќе биде викенд на уметноста, на танцот, уникатноста, талентот и посветеноста.
Скопје повторно ќе блесне со најталентираните танчари и кореографи од Македонија, Полска, Србија, Бугарија, Грција, Унгарија, Албанија и Босна и Херцеговина.





