Музичко патување со македонски солисти
„Музичко патување“ е насловен концертот кој ќе се одржи в петок во 20 часот. На програмата за Концертот за кларинет и виола оп.88 од Брух и Симфонијата бр.4 –„Италијанска“ од Менделсон. Солисти се Здравко Ангелов (кларинет) и Илза Бафтиари (виола), а диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија.
Макс Брух (1838 – 1920) е познат по неговите опери, три симфонии, три виолински концерти, како и хорска музика. Неговиот музички јазик е инспириран од германската романтична традиција и е сосема спротивен на т.н. нова музика која ја создаваа Лист, Вагнер и Малер. До крајот на својата музичка кариера Брух го „бранел“ својот романтичен концепт и водел контроверзни дискусии со композитори како што се Вангер и Лист, а посебно жестоки расправии имал со Штраус, кој ја забранил неговата музика во Германија во почетокот на 1940-тите години.
Концертот за виола и кларинет го напишал за својот син Макс Феликс Брух, кој бил многу талентиран кларинетист. Има три става во кои се испреплетуваат виртуозноста и експресивниот контекст на креирањето музика. Концертот е како своевидна рапсодија обоена со слатка меланхолија и носталгија.




