На големата прослава за 20 години на Exit доаѓаат: Guetta, Tyga, James Arthur, Fatboy, Brejcha, Sepultura и многу други!
Музичките суперѕвезди, вистински легенди и водечки изведувачи на денешницата ги предводат првите 20 имиња објавени за големата прослава на 20 години на EXIT Фестивалот!
David Guetta, Tyga, James Arthur, Fatboy Slim, Boris Brejcha, Sepultura, Artbat, Zhu, Meduza и многу други на Петроварадинската тврдина ќе донесат разновидност од стилови на електронската, гитарската и хип-хоп музиката, додека нивните планетарни хитови заедно бројат повеќе од 20 милијарди „ЈуТјуб“ прегледувања! Листата со првите и ударни изведувачи на Exit ја предводи една од најбараните ѕвезди на денешницата, David Guetta (Дејвид Гета). Популарниот Французин е најуспешниот музички продуцент на 21. век со повеќе од 100 милиони фанови на социјалните мрежи, преку 50 милиони продадени албуми и синглови, како и две „Греми“ награди.
Неговиот настап на Exit ќе биде вистинска светска ексклузива, бидејќи од следната година тој драстично го намалува бројот на настапи, и ќе се појави само на неколку водечки светски фестивали. За среќа Guetta нема намера да ја пропушти големата прослава за 20 години на Exit поради дводеценискиот однос со новосадскиот фестивал, но и поради фактот дека токму тој е изгласан за најпосакуваниот изведувач во големата анкета на фановите на EXIT!



