Настани
Над 12 светлосни инсталации и перформанси, надополнети со 6 диџеи и “чил“ зона на овогодинешниот Skopje Light Festival
Фестивалот на светлината – SKOPJE LIGHT FESTIVAL e културно-општествен настан на кој уметниците преку најразлични светлосни инсталации и видеопроекции поставени на различни локации низ централното подрачје на градот од 2 до 3 септември со своите светлосни перформанси им се промовираат на посетителите.
Светлината е форма на енергија која патува и е во интеракција со материјата. Кога светлосните зраци достигнуваат тело кое не можат да го поминат, тие се рефлектираат. Оваа промена се нарекува рефлексија. Оптички феномен кој ја пренасочува светлината низ различни патеки.
