Настани
Пиво ќе се пие во Скопје, но со нови датуми: Пиволенд 2022 од 03ти до 07ми септември 2022
Големото невреме кое го зафати Скопје и околината, како и најавите за невреме и деновите кои следуваат, направија организаторите на Пиволенд 2022 од безбедносни причини да го преместат датумот за почеток на најголемиот пивски фестивал во земјата- Пиволенд 2022.
Новиот датум за почеток на Пиволенд 2022 ќе биде на 03ти септември (сабота), а ќе трае до 07ми септември (среда).







