Настани
Над 1500 танчери на големиот меѓународен натпревар DIAMOND во Скопје
На 6 и 7 април во Хотел Мериот ќе се одржи меѓународен танцов натпревар DIAMOND, а Скопје ќе ги собере најдобрите танчери од регионот и пошироко, натпревар на кој ќе настапат над 1500 танчери од Македонија, Унгарија, Полска, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Романија и од Хрватска.
DIAMOND има за цел да инспирира, плени и обезбеди неверојатен приказ на уметничките способности, вистински славејќи го танцот во неговите многубројни форми и категории.
Меѓународниот танцов натпревар е во организација на Сара и Нермин Кочан сопственици на инклузивното танцово студио Dancers United. Долгогодишното искуство како танчери, тренери, сертифицирани меѓународни судии, учество на многу национални, европски и светски натпревари беа ѝ повеќе од доволна причина и мотив, Сара и Нермин Кочан да го мапираат Скопје како град во кој ќе има меѓународен танцов натпревар подготвен по сите светски стандарди.





