Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Спектаклот ABBA SYMPHONIC на 26-ти април во Скопје!

Настани

Спектаклот ABBA SYMPHONIC на 26-ти април во Скопје!

Оваа пролет во Скопје ќе има многу различни концерти и настани. Но, нема дилема дека проектот што сега го најавува Авалон Продукција ќе биде најспектакуларен и најзабавен, a со тоа и најпосетен особено ако се земе предвид дека најголемата армија на обожаватели во светот е токму онаа на обожавателите на музичкиот феномен ABBA!

Проектот кој распродава концертни сали каде и да настапува низ Европа, премиерно доаѓа во Скопје да ги донесе сите хитови на ABBA; „Mamma Mia“, „Dancing Queen“, „Money, Money, Money“, „Waterloo“, „Voulez – Vous„ во придружба на симфониски оркестар, извонреден бенд и светска продукција за проект досега невиден во Скопје, не само кога е ABBA во прашање!

Загарантирана, врвна забава со светски квалитет само на 26-ти април во Арена Борис Трајковски.

Влезниците ќе бидат во продажба од среда (20-ти март) во 9 часот наутро по следните цени и категории:

1.000 денари – нумериран партер за седење и трибини

1.500 денари – ВИП (мали количини на нумериран партер и ВИП трибина)

*сите влезници се седечки, вклучувајќи го и партерот

 

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.