Настани
Над 30.000 посетители на првата фестивалска вечер од „Пивофест 2022“
Вчера, со настапите на прилепчаните Елена Петреска, групата Балканика и Ален Хасановиќ започна 18. издание на „Пивофест 2022“.
Прилепчани и гостите од другите градови уживаа во изведбите на македонски хитови, развиореното македонско знаме, прилепската скара и ладното пиво. Штандовите беа преполни со посетители, а забавата која започна во 18 часот, кулминираше со настапот на Џамбо Агушеви оркестра и заврши со забава на алтернативната сцена до раните утрински часови.