Настани
Концерт на годината, Некст Тајм и Лозано во Антички!
За прв пат во Македонија на 30ти јули во Античкиот театар во Охрид заеднички концерт ќе оддржат моментално најактуелните македонски звезди, групата Некст Тајм и Лозано.
-Овој настан за нас е од огромно значење пред се поради тоа што првиот наш фестивал во 2008 како Некст Тајм, беше токму овде на Антички и ја освоивме публиката која исто така и ден денес е со нас. Заедно со Лозано се појавивме на тој фестивал и некако се зближивме од тогаш. После толку години градејки ги нашите музички кариери ете стигнавме да одржиме за прв пат заеднички концерт. Се надеваме дека публиката ќе ужива во песните од нашиот најнов албум, но сигурно ќе има и изненадувања – велат Мартин и Стефан Филиповски од Некст Тајм.
Очекуваат публиката да дојде во голем број и заедно да уживаат во една незаборавна вечер исполнета со заедничката уметност.




