Настани
„Нагости се, не бери гајле. Ајде на здравје, у Скопје“: Фестивал на биодиверзитет во Скопје
Оваа сабота (5 октомври) во „Јавна соба“ ќе се одржи четвртиот по ред Фестивал на биодиверзитет овојпат насловен како: „Нагости се, не бери гајле. Ајде на здравје, у Скопје“.
Фестивалот е во организација на Слоу Фуд Водно како дел од Слоу Фуд Македонија, организација која промовира добра, чиста и правична храна и ги поддржува малите локални производители на истата.
Со овој настан организаторите ја започнуваат и иницијативата за заштита на скопскиот гастрономски симбол – Симит погачата.





