Настани
Најавена филмската програма на „Киненова“ – цел октомври „Прво филм“ на Телевизија 24
Денеска во салата на Делегацијата на Европската унија во Македонија во Скопје се одржа прес конференција посветена на Меѓународниот фестивал „КИНЕНОВА“, што изобилуваше со уникатност и разноликост.
На прес конференцијата се обратија Небојша Јовановиќ, директор на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ и Игор Анѓелков, програмски директор на фестивалот, кои што ексклузивно ја објавија ја програмата на КИНЕНОВА за оваа година. Освежување беше директното вклучување на овогодинешната ѕвезда на фестивалот, актерката Бранка Катиќ.
Директорот на меѓународниот фестивал, Небојша Јовановиќ го најави почетокот на петтото издание на КИНЕНОВА, кој што ќе се емитува на Телевизија 24 од 1-ви до 31-ви октомври и официјално од 8-ми до 18-ти октомври под мотото ПРВО ФИЛМ.









