Основачот на „Џифони“, Губитози: Важно е да ја следите вашата интуиција
Имав 17 години кога почнав да размислував што сакам да правам, на 18 почнав да ставам сѐ на едно место, а на 19 години веќе го организирав првото издание на „Џифони Италија“.
Кога имате 17 години, имате огромни очекувања и честопати очекувањата ги надминуваат сите логики. Од почетокот бев поврзан со идејата за фестивал за деца и да, многу сум горд на тоа што го создадов, но секогаш сум по малку незадоволен, бидејќи секогаш може да се направи повеќе. Имаме 50 години искуство, но живееме во сегашноста и мораме да размислуваме за иднината – вака Клаудио Губитози, извршен директор и основач на Џифони филм фестивал го започна своето предавање со џифонците од Македонија. Тој се осврна на 50-те години посветеност кон доближување на вистински вредности на децата, преку филмската уметност.
Македонските џифонци покажаа голем интерес да му постават прашање на Губитози, кој покажа голема почит кон секој од нив. На прашањето зошто е важен „Џифони“, тој вели:




