Настани
Oперата „Боеми“ на 8 ноември во НОБ во рамките на „Месец на Пучини“
Под мотото „Месец на Пучини“, ноември во Националната опера и балет ќе биде посветен на италијанскиот композитор Џакомо Пучини (22 декември 1858 – 29 ноември 1924) со што ќе се одбележат 100 години од смртта на безвременскиот оперски мајстор.
На 8 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Боеми“ од Џакомо Пучини.
Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Италија, Маурицио Коласанти, во режија на Дејан Прошев, претставата е доловена преку масивната сценографија на Зоран Николовски и колоритната костимографија на Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ.



