Настани
Новогодишен концерт на Филхармонија со најпознатите валцери и полки од Штраус
Традиционалниот новогодишен концерт насловен „Слушни!Доаѓа Новата…“ на Македонската филхармонија ќе се одржи в четврток со почеток во 20 часот.
Оркестарот ќе го води Елена Митревска, македонска диригентка која во моментов работи во Операта во Малме, Шведска. На програмата се најпознатите валцери и полки од Јохан Штраус, како и дела од Бизе, Чајковски и Сен-Санс.





