Настани
Традиционален концерт по повод празникот „Василица“ 2025 на 11 и 13 јануари 2025 во Националната опера и балет
На 11 и 13 јануари 2025 со почеток во 20.00 часот ќе се одржи Традиционалниот концерт по повод празникот „Василица“ 2025.
Оваа година се одбележуваат 30 години од првото одржување на традиционалниот концерт по повод празникот „Василица“, кој првично беше презентиран како програмски концепт во 1995 година на сцената на МОБ и низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.
