Настани
Новогодишна музичка идила со Симон Трпчески и пријателите – Концерт на 20 декември во арена „Борис Трајковски“
На 20 декември, арената „Борис Трајковски“ ќе биде местото каде што музичката магија и празничната еуфорија ќе се спојат во една незаборавна вечер. Имено, Симон Трпчески, македонскиот пијанист, ценет во светски размери, се враќа повторно дома за да го сподели својот неверојатен талент со македонската публика.
Во организација на „Прагма продукција“, на 20 декември, маестро Трпчески ќе настапи заедно со неговите пријатели, врвни македонски уметници со кои ќе приреди новогодишен концерт насловен како „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ – и ќе нè води низ светот на најубавите музички класици.
Ова нема да биде класичен концерт, туку ќе биде новогодишен спектакл, каде што за првпат, Симон Трпчески ќе свири и популарни новогодишни песни, како што тоа го прават и најголемите музички ѕвезди. Но, овојпат тој ќе оди чекор понатаму, па заедно со него, на сцената ќе му се придружат врвни пејачи кои дополнително ќе ја зајакнат атмосферата.





